Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски во неговото интервју за Фактор магазин на 24 ТВ, најави дека можно е да бараат одговорност од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за неодземањето на имунитетот.
– Не ја исклучувам можноста да побараме одговорност од спикерот на Собранието Талат Џафери поради несимнувањето на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски – рече Кирацовски.