Во рамки на посетите на општините низ Македонија, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во текот на вчерашниот ден беше со граѓаните на Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица, а во изминатите денови се сретна и со граѓаните Пробиштип и Свети Николе.
СДСМ го слушна мислењето на граѓаните разговара за процесот на реформи, како и за предзвиците на Република Македонија за сигурна и стабилна иднина.
На отворената граѓанска трибина во Берово Кирацовски рече дека СДСМ, како владејачка партија партија има огромна чест, но и обврска да работи за доброто на сите граѓани. Кирацовски додаде дека реалните показатели ја потврдуваат успешноста на економките политики на Владата предводена од СДСМ.
– Последна потврда е фактот дека во првите три месеци во Македонија се влезени 235 милиони евра странски инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година и е рекордно најмногу инвестиции во првото тромесечие во последните 12 години. Тоа покажува дека економијата е раздвижена, а Македонија чекори напред. Повеќе инвестиции значат повеќе пари за граѓаните. Берово и беровчани најдобро знаат што значи пријателство со соседите и како тоа позитивно се одразува врз економијата -рече Кирацовски.
На средбите со граѓаните од Делчево и Пехчево, Кирацовски изрази жалење што опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште е заглавена во матрицата на Никола Груевски, со кого граѓаните одамна расчистија.
– Не гледаме никаква разлика, Мицкоски го следи патот на Груевски. Некои сакаат земјава да се врати назад. Но, граѓаните избраа напредок. Македонија одлучно чекори напред кон економски раст, повисоки плати и просперитетна иднина како членка на ЕУ и НАТО каде што Македонија вредносно и цивилизациски припаѓа – рече Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, и денеска продолжува со средбите со граѓаните ширум Македонија.