Кирацовски: Кристално чист изборен ден, излезноста 42%

Според негови информации од ДИК, излезноста била 42 отсто.

1017

Изборниот ден помина во исклучително мирна и демократска атмосфера, изјави вечерва Александар Кирацовски, по завршувањето на гласањето од првиот круг на претседателските избори.

– Имавме кристално чист изборен прв круг, имавме скандинавски избори. Им честитаме на сите граѓани. Граѓаните го искористија слободно своето гласачко право. Позитивната фер и демократска атмосфера што беше и во кампањата продолжи и денеска. Институциите овозможија услови изборите да минат во најдобар ред – рече Кирацовски.

Тој очекува победа на кандидатот Стево Пендаровски во првиот круг, како и иста атмосфера и во вториот круг и победа на гласањето за вториот круг на 5 мај.

Според негови информации од ДИК, излезноста била 42 отсто.

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...