Кирацовски до Азманов: Ова е светол пример на доблесно извинување

1168

Пратеникот Александар Кирацовски го прифати јавното извинување од бизнисменот Зоран Азманов за лажно информирање и клеветење. Кирацовски на Фејсбук напиша дека по укажувањето и најавата за тужба за лажното информирање на јавноста и негово клеветење, Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест.

– Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество. Сепак ова е светол пример на доблесно извинување. И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре.  На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.  Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!, напиша Кирацоски.

Азманов претходно за „Доказм“изјави:

– Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс. .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...