Кирацовски дојде кај Русковска на распит за „Рекет“

296

Пратеникот Александар Кирацовски претпладнево дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

На влегување во Обвинителството, Кирацовски рече дека е повикан како сведок и оти по распитот ќе даде изјава за медиумите.

Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, вчера даде пратеничката Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...