Кинолозите против идејата за задолжителна кастрација на кучињата

174

Дел од предложените законски решенија се неадекватни, неприфатливи и штетни што се однесува до благосостојбата на домашните миленици и расни кучиња како и за македонската кинологија воопшто, велат од Координативното тело на кинолошки одгледувачи, излагачи и одговорни сопственици на расни кучиња како директно засегната страна во дел од предложените законски решенија со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните поднесен од група пратеници.

– Во делот на предлог законот со кој се бара интервенција во членот 27 по ставот (1) да се додаде нов став (2) коj гласи: „Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите од ставот (1) на овој член,освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата“ сметаме дека не е одржлив по повеќе основи. Не секој сака и е во можност да биде регистриран одгледувач. Можностите и условите во кои живееме не се соодветни и исти како во другите Европски земји. А истите сопственици на кучиња се знаимаваат со кинологија и самите кучиња се изложбени примероци. Потребно е да знаете дека ојаловени и кастрирани расни кучиња не е дозволено да се пријавуваат на кинолошки манифестации, велат од Координативното тело.

Од таму додават дека воопшто не се спомнати, а веројатно не е ни размислувано во таа насока дека некој веќе има возрасни кучиња, хронично болни, на кои животозагрозувачки би претставувала било каков вид на хируршка интревенција. Истото важи и за уличните кучиња. Дали воопшто се прават контроли пред да се изврши ваква хируршка интервенција.

– Не е размислувано дека секое куче има различен раст и развој, а со самото тоа и репродуктивен развиток, како и психички развој.  Ниту едно куче/маче кое е стерилзирано и кастрирано не е забележано во ниедна база на податоци, ниту во здравствена книшка, ниту во ветеринарните амбуланти. Како се размислува да се спроведе законот односно проверката кај веќе истретираните животни? Знаеме дека кај мажјак е видливо, но кај женка не е.

Најконтраверзно е тврдењето дека неопходноста од интервенција во овој член е со цел да се спречи неконтролираното и неограниченото зголемување на бројот на улични кучиња кои во најголем број потекнуваат од размножување на домашните миленици каде спаѓаат и расните кучиња! Тврдење кое не е точно, бидејки најголемиот дел од бездомните се нерегистрирани улични кучиња кои егзистираат како такви единки на целата територија од градот и државата, и секако мал дел од напуштените домашни миленици, жртви на неодговорно сопствеништво, акт кој е регулиран и секако казнив со постоечкиот закон кој во пракса не се почитува и не се спроведува, велат од Координативното тело.

Тие сметаат дека веќе постоечкиот Законот за заштита и благосостојба на животните е сосема коректен и доволен, но не е воопшто имплементиран на терен. Евентуално би требало да се интервенира во делот за неодговорно сопствеништво и напуштање на миленик со зголемување на износот на казните, како и во делот за забрана на борби со кучиња, злоупотреба, мачење, малтретирање, изживување и убивање на животни.

Апелирааа до надлежните институции да извршат проверка на цела територија од државата во врска со спроведувањето на законската обврска за чипирање на милениците и нивно внесување во база на податоци како би се имало увид дали ваквата законска обврска дала резултат бидејки со имплементацијата на истата во случај на проблем многу лесно ќе се детектира причинителот на истиот. И секако не интересира дали се превземени било какви информативни и  едукативни активности и во најруралните средини со цел на спроведување на постоечкиот закон за благосостојба на животните.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...