Првата кинеска болница во која ќе се сместуваат заразени од коронавирусот во близина на Вухан е отворена денеска. За два дена повеќе од 500 работници успеаја една празна зграда да ја претворат во ургентен центар со илјада легла.
Првите пациенти се пренесени денеска во 22.30 по локално време.
Болницата била изградена како дел од централната болница во Хунаганг и се очекувало да биде отворена во мај. Но, поради актуелната зараза во петокот локалните власти наредија зградата да се користи само за лекување пациенти со коронавирус. Сите кревети биле наместени од волонтери, а биле инсталирани и вода, електрична енергија и интернет.