Кина ја повика меѓународната заедница да се приклучи во борбата против Ковид-19

Коронавирусот преминува граници, затоа се неопходни обединети напори на меѓународната заедница, рече Ванг.

141

Кина ги повика сите држави да се приклучат кон напорите во борбата против новиот коронавирус, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли.

– Коронавирусот преминува граници, затоа се неопходни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката без оглед на границите, рече Ванг по средбата со германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас во Минхен. Досега од Ковид-19 починале 1.383 лица, а 64.435 се заразени низ целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...