Кина уапсила 26 арамии и пронашла речиси 650 артефакти украдени од древни гробници во северозападната провинција Ќингхаи, објавило кинеското министерство за јавна безбедност.
Кинеската новинска агенција Џинхуа пренесува дека стручњаците веруваат дека голем број од пронајдените предмети се од исклучителна историска вредност бидејќи ја претставуваат културната интеракција помеѓу Истокот и Западот во текот на разни периоди н династијата Танг, која владеела од 619 до 908 година.
Уапсените илегално ги ваделе предметите од гробницата Дулан која се наоѓа крај Патот на свилата и потоа планирале да ги продадат.
Криминлците од кои двајца се на листата на најбарани, барале 11,6 милиони долари за пленот.
Од 646 пронајдени предмети 16 се сметаат за артефакти од прва категорија, стои во соопштението на министерството.
Делумни ископувања на гробницата Дулан откриле вредна колекција на стар свилен текстил и облека, вклучително и од средна Азија и Византија, проценила приватната организација World Monuments Fund од Њујорк која се занимава со зачувување на историската архитектура и културно наследство.