Кинески суд денеска го осуди научникот Хе Џијанкуи, кој ги направи првите „генетски модифицирани“ бебиња, на три години затвор за нелегално практикување медицина.
Покрај затворската казна, тој беше осуден и со парична казна од 430 000 долари, јави Синхуа.
Двајца негови соработници добија помали казни.
Жанг Ренли беше осуден на две години затвор и Квим Жинџоу на една и пол година.
Хе, водечки истражувач, рече дека пред 13 месеци помогнал во создавање на првите генетски модифицирани бебиња, родени во ноември 2018 година.