Кина не им дозволува на американските бродови пристап до Хонг Конг

219

Кина го одби барањето два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг следните недели, изјавија неименувани американски претставници.

Тие наведоа дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола кон крајот на месецот да се закотви во Хонг Конг, додека крстосувачкиот брод „Лејк Ири“ побара одобрение за во септември.

Кинеските власти не ја образложиле својата одлука, но тоа не е без преседан. Кина слично барање одби во септември 2018 година.

Политичката криза во Хонг Конг, кој е под кинеска управа се продлабочува, а демонстрантите и полицијата синоќа се судрија на аеродромот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...