Кина воведе санкции против САД во одговор на донесувањето на законите во однос на ситуацијата во Хонг Конг од страна на Вашингтон.
Санкциите предвидуваат стопирање на разгледување на барањата за посета на Хонг Конг на американски воени бродови и авиони. Кинеските власти исто така воведоа ограничувачки мерки против „Хјуман рајтс воч“, организација за заштита нa човековите права, поради „поддршка на екстремизмот и насилството“ во Хонг Конг.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потпиша два закони за поддршка на протестантите во Хонг Конг. Првиот обезбедува воведување на дипломатски и економски санкции во однос на лица кои ги прекршуваат човековите права во регионот, а вториот забранува испорака во Хонг Конг на средства и опрема за растерување демонстрации. Покрај тоа, САД имаат намера годишно да ги разгледуваат трговските односи со Хонг Конг во зависност од нивото на неговата автономија.
Кина ги критикуваше законите. Кинеското МНР изјави дека жителите на Хонг Конг „имаат демократски права без преседан“ и дека САД се мешаат во внатрешните работи на Кина. Министерството вети дека ќе преземе „жестоки контрамерки“.
Демонстрациите во Хонг Конг траат веќе шест месеци а причината беше најава на нацрт закон за екстрадиција на осудени лица во Кина. Овој нацрт закон во октомври беше напуштен, но протестантите истакнаа нови барања, како ослободување на лицата задржани за време на митинзите.