Ким пристигна во Ханој, припадници на војската и на полицијата се менуваа околу хотелот во кој е сместен (ВИДЕО)

141
ФОТО: EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигна во главниот град на Виетнам, Ханој, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Патиштата од границата со Кина до Ханој, во должина од околу 170 километри, беа затворени, а припадници на војската и на полицијата се менуваа околу хотелот „Мелиа“, каде е сместен Ким.

Севернокорејскиот лидер на 23 февруари тргна од Пјонгјанг со воз во придружба на високи владини претставници и неговата сестра. Ким во Донг Данг пристигна со воз, а потоа до Ханој патуваше со автомобил.

Самитот во Ханој е прва средба помеѓу Трамп и Ким по „историската средба“ во Сингапур по осум месец, на која ветија дека ќе работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

ФОТО: -EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...