Ким Кардашијан и Кање Вест го прошируваат семејството. Извор близок до парот кажал за „Си-Ен-Ен“ дека тие го очекуваат четвртото дете оваа година, од сурогат мајка.
На таков начин парот минатиот јануари ја доби ќерката Чикаго Вест. Покрај Чикаго, Ким и Кање ги имаат и петгодишната Норт и тригодишниот Сеинт.
Кардашијан Вест беше отворена за тоа како со години се обидувала да стане мајка. Таа имала компликации додека ја носела Норт. Се изјаснила дека сака четврто дете, но дека би се одлучила повторно по пат на сурогат мајчинство. Таа додаде оти не било безбедно за неа да носи бебе.
– Уживав со помош на сурогат мајчинство. Кога дојде време за доење, сфатив дека тоа е најдобрата одлука што сум ја донела. Можам повеќе време да им посветам на постарите деца, но и да ги подготвам за новото бебе – изјавила таа.
ФОТО: Твитер / „Е! News“