Американската старлета Ким Кардашијан на Твитер се пофали со најубавиот роденденски подарок што досега од добила од својот сопруг.
Имено, се работи за еден милион долари што раперот Кање Вест ги подари во хумантарни цели, но во нејзино име.
Таа веќе неколку дена го слави својот 39. роденден. Изминатиот викенд, таа уживала со своите сестри во Палм Спрингс, Калифорнија, на забава, а атмосферата од роденденското славење ја сподели и со обожавателите на интернет. А, пак, синоќа уживала во семејна вечера во нејзиниот дом.
Донацијата, инаку, е наменета за каузата за која Ким со години се залага – реформа на затворскиот систем во САД.
ФОТО: EPA/JUSTIN LANE