Навикнати сме вестите за нејзините дела да изненадуваат во одредена мерка, некои помалку, некои повеќе. Меѓутоа, информацијата дека американската старлета Ким Кардашијан се враќа во училиштната клупа и дека ќе почне да работи на своето знаење, секако шокира.
Имено, ријалити ѕвездата во интервјуто за мајското издание на „Вог“, чија насловна страница ја краси, спомнала дека веќе една година во тајност учи право со што сака, кога ќе ја заврши својата обука, да стане адвокат. Не, таа не студира на правен факултет, туку е на четиригодишна пракса во адвокатска фирма во Сан Франциско, каде што по завршеното теоретско и практично ќе има одредено знаење за сама да заплови во тие води.
Триесет и осумгодишната Ким се надева дека ќе добие диплома во 2022 година.
Како што странските медиуми пренесуваат, Ким сака за неколку години да отвори своја адвокатска канцеларија и да се испроба во улогата на адвокат.