Старлетата Ким Кардашијан (38) вчера ја пушти во продажба својата колекција „мидери“ за жени со разни облини СКИМС, која при претставувањето предизвика лоши коментари. Меѓутоа, се чини дека Ким повторно одлично профитирала.
Ријалити ѕвездата за само неколку минути по лансирањето на „стегачот“ заработила 2 милиони долари. Имено, нејзиниот сајт се блокирал од посетите, пренесуваат американските медиуми. Цената на моделите се движи до 100 долари.
Нејзиниот мидер веќе се распродаде, а доаѓа во различни бои и облици. Жените, со надеж дека ќе изгледаат послаби, поитале и го купиле производот веднаш откако станал достапен на интернет.
Ким речиси под секој свој фустан носи мидер за модната комбинација да изгледа подобро на нејзиното тело.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин