Километарски колони се создадени вечерва на граничниот премин Богородица. Според наши сограѓани кои се враќаат од Грција, се чека најмалку еден час на граничниот премин, а севкупно околу три часа на двете граници.
Соговорниците на Плусинфо велат дека илјадници граѓани од нашата држава продолжениот викенд го искористиле за посета на јужниот сосед.
Вообичаено, поради близината на Егејско море, тоа е најчест избор за одмор и рекреација на граѓаните од Македонија.