Кикс на европскиот шампион Словенија во Унгарија

171
Европскиот кошаркарски шампион Словенија со пораз ги почна квалификациите за континенталниот турнир во 2021 година. Унгарија во Шомбатели ги совлада „змајчеки“ со 77:75 (по четвртини: 16:16, 16:20, 17:18, 28:21).
Иако Словенците вечерва беа посилни за Американецот Џордан Морган, сепак, се „лизнаа’ на теренот на селекцијата која на последното ЕП го освои 16-то место.
Јака Блажич со 18 коша и Морган со 16 беа најефикасени словенечки кошаркари додека лидери во победничкиот тим беа Ален Роско со 16 поени и Давид Војвода со 15 кон кои додаде и седум скока.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...