Кико Мицко, Лаву Македонски и Тигру Балкански

2761
Абе Мицко, со другар ти Зоки тресете толку зелени, небаре членоој на ДОМ (од Лиле) сте. Абе такви активисти за чиста животна средина сте, она такви членоој може само да сања, со таја разлика што и ти и Зоки под чиста животна средина подразбирате средина без људи (имате ниет свите да нè умрете).
Пошто филмоој и фудбал не можем да гледам 24/7, чат-пат ќе свртим вести и опааа ете ти го Кико Мицко вика: ”Јас и екомскиот тим на мојата партија од Македонија ќе направиме економски ТИГАР на Балканот”. Не издржа бешика брат Кико Мицко… од смеење.
Брату, па ти и твојот економски тим (како ова робусно звучи) не можете 6 месеца да изменаџирате 70.000 денара и да го доплатите борчот што го имате кон Плус Форте Радио (пола плативте). Па вие од Македонија ни ГЛУШЕЦ балкански не можете да напраете, бе брат. Или со свој паре не знаете ама со народни паре, ка вицот – кој ќе ви тргне на поверење… Па не не сакале у Европа. Па и од мал шенген ќе нè избркаа!
Ка што гледаш од документов, борчот је од 2012 година. Зедум године брат Мицко…
Кико Мицко, ти ич не знаеш тактика. Викни го Зоки и прашај брат (најблиските са свекоаш на располагање). Тој, на пример, таквите ка мене ги става на “ignore”. Тој бе брат таквите ка мене не ги приметуе. Еве, на пример, од негојте ни кампања имам видено ни бутур. Ама тактички исправно, не се заборчуеш па со самото тоа после не борчиш. Ама ќе се затворел еден македонски медиум у Полошко, та преку тасе. Ете тоа је брат вистинско размишљање. Патриотско.
А вие, заборчи се, не плаќај, па се утепав пенали (по разни основе) плаќајќи брат, зашо мојте паре не са кеј мене него са кеј вас.
Вие бе Мицко, што ќе рече Вилма, од “гаќи ме истресовте”, па шарајте бе брат малу, што сте се фатиле за мене, па дерман немам од вас. (Ако не знаеш што све сте ми напраеле, у некој други колумне ќе ти раскажем… а имам да раскажем и за  друѓиот). Па ваљда у колективново  унесреќуење на народов, што го праете двајцата, и некој друд “заслужил” допунски да го доунесреќите.
Ја, ка чуек од карактер, нема да ве дадем на нотар и присилно да ви ги наплатим парете, или не дај боже да ви блокирам сметка, па да се сита друѓине, ја брат Кико Мицко фино лепо на крај на јануар ќе га вратим концесијата (зашо ќе немам паре да га платим) и вие двајцата,со Зоки заедно, ќе се ослободите од еден баласт ка мене у етер, па ја ќе имам еден куп слободно време  да си пишуем колумне.
До читање.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...