Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, зборуваше пред „Марка“, ден пред првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Тој се надева дека овој натпревар нема да е нивниот последен на „Ванда“ оваа сезона, откако мисли на финалето на турнирот на 1. јуни, кое ќе се одигра токму на стадионот на Атлетико.
– Јувентус е една обединета група, семејство. Тим кој гони победи и сега сакаме да победиме во Лигата на шампиони – една убава цел, но многу тешка за постигнување. За тоа работиме, но ќдребот не беше воопшто лесен, бидејќи тој не соочи со еден тим, кој е многу сличен на нас – во однос на вредности, идеи и карактеристики. Од европските клубови Атлетико најмногу личи на нас, изјави Киелини.
Тој смета дека нивниот утрешен противник има италијанска филозофија на играње фудбал.
– Атлетико има повеќе италијанска филозофија, отколку шпанска. Игра многу затворен и вертикално. Имаат прекрасни резултати и поседуваат одлични играчи кои добро играат со топката. Но не играат како Барселона. Имаат прекрасен тренер, како и играчи како Гризман, кои ја прават разликата. Мислам дека Гризман е најважниот дел од тимот и не само поради головите, рече меѓу другото Киелини.