Вооружени напаѓачи утрово убија 14 лица во патнички автобус во провинцијата Балуџистан, во југозападен Пакистан.
Преживеаните и кажале на полицијата дека напаѓачите селективно ги убивале патниците откако ќе го утврдиле нивниот идентитет. Меѓутоа, не е познато, по која идентификациска основа биле ликвидирани патниците.
Во Балуџистан активни се сепаратистите, кои главно напаѓаат луѓе од друга националност, како и исламистичките екстремисти чија цел главно се малцинските шиити.