Киднапирани, силувани и приморани да раѓаат бебиња за продавање, хорор во Нигерија

940

Нигериската полиција спаси 19 заробени трудни девојки и млади жени кои биле киднапирани, силувани и приморани да раѓаат бебиња кои киднаперите после ги продавале.

Портпаролот на локалната полиција Бала Елкана рече дека жените и четири бебиња биле спасени на четири локации во областа на Лагос. Жртвите на таканаречените „фабрики за бебиња“ по потекло се воглавно од источна Нигерија кои биле намамени во Лагос со ветувања дека ќе добијат работа.

Уапсени се две лица, а по првоосомничениот се уште се трага.

Елкана соопшти дека бебињата се продавале за суми од 830 до 1.400 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...