На дипломатскиот прием на кралицата, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја носела тијарата што ѝ припаѓаше на починатата принцеза Дајана.
Тијарата која го носи името „Lovers Knot“ била во сопственост на нејзината почината свекрва, мајката на принцот Вилијам, принцезата Дајана.
Ова не е првпат Кејт Мидлтон да ѝ оддаде почит на принцезата Дaјана носејќи предмети што ѝ припаѓале нејзе.
Прекрасната тијара е направена во 1914 година и кралицата ѝ ја дала на принцезата од Велс како подарок за венчавката кога се омажила за принцот Чарлс во 1981 година.
Кралицата Елизабета ја добила оваа тијара од кралицата Марија, а кога принцот Чарлс решил да се ожени со Дaјана, кралицата ѝ ја подарила на Дaјана.
Тијарата е една од омилените работи што Кејт сака да ги носи од принцезата Дaјана.