Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон му се извинила на девојчето кое очекувало дека ќе запознае „вистинска принцеза“ и се разочарало бидејќи не ја видело војвотката во раскошен фустан за време на нејзината посета во Велс.
Ријан Костело и нејзината ќерка Анабел го запознале кралскиот пар, кого го чекале еден час, бидејќи девојчето било возбудено дека ќе ја види Кејт во живо.
Тригодишната Анабел особено сака бајки, а најмногу Пепелашка, па се надевала дека војвотката ќе изгледа токму така.
– Многу ми е жал што денеска не носам убав фустан како Пепелашка – ѝ рекла Кејт на Анабел кога ѝ пришла да ја поздрави.
Девојчето се развеселило и ја прегрнало. Нејзината мајка додала дека Кејт била многу љубезна и дека се надева дека нејзината ќерка за десетина години ќе се сети на оваа посебна прилика и ќе сфати дека ова било неверојатна средба.
FOTO: Instagram/Printskrin