Откако е омажи за принцот Хари, медиумите ја прогласија Меган Маркл за „стилска икона“. Се чини дека токму поради тоа, пишуваат британските медиуми, нејзината јатрва Кејт Мидлтон по породувањето се одлучила повеќе да се ангажира за сопствениот стил.
Додека не се појави Меган, Британците се воодушевуваа на стилот на Кејт, но изгледа дека написите оти Меган е помодерна од неа ја погодиле во нерв.
Daily Mail пишува дека Кејт првпат е видена како во рака не носи некои од нејзините омилени плико-чанта, туку избрала чанта од брендот Aspinal of London, слична на оние кои ги носи нејзината јатрва.
Модната критичарка Клаудија Валентин уверува дека Кејт сака да изгледа подмладено и помодерно, па токму затоа се угледала на Меган.
– Изненадување беше да се види со чанта од Aspinal наместо со нејзините вообичаени пликоа. Изгледа дека ѝ ја украла тајната на јатрвата која е вистинска модна икона и секогаш е во тренд – изјавила Валентин додавајќи дека пликоата, иако можат да бидат убави, понекогаш знаат да изгледаат застарено.