Кејт и Вилијам доживеле драма во авионот, бурата била толку силна ВИДЕО

По слетувањето, принцот Вилијам како искусен пилот ги смирил новинарите и ги убедил дека сè е во ред.

1468
FOTO Printskrin

Авионот на британското Кралско воздухопловство во кој се наоѓале принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска морал двапати да го одложи слетувањето во Исламабад и да се врати во Лахор, откако упаднал во страшна бура, што предизвикало екстремни турбуленции.

Од видеоснимката објавена на социјалните мрежи може да се видат молњите додека авионот се ниша од едната на другата страна.

И покрај силните напори на пилотот да слета на еден од аеродромите во Исламабад, тие на крајот биле принудени да се вратат во Лахор. Летот требало да трае 25 минути, но авионот бил во воздух повеќе од два часа.

Вилијам и Кејт, кои беа на петдневна турнеја низ Пакистан, се обиделе прво да слетаат на Равалпинди, а потоа на аеродромот Исламабад, но потоа решиле да се вратат во Лахор.

Во авионот имало и претставници на медиуми заедно со кралското семејство. По слетувањето, принцот Вилијам како искусен пилот ги смирил новинарите и ги убедил дека сè е во ред, а на крај се пошегувал дека тој управувал со авионот и дека нема причина за загриженост.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...