Кејт и Вилијам добија син

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да ѝ го честитаат третото дете на војвотката.

797

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со машко дете, нејзино трето дете со војводата Вилијам.

Војвотката Кејт (36), пред бракот позната како Кејт Мидлтон, се породи во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да ѝ го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлота. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...