Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп има намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија.
Станува збор за професионалец во Стејт Департментот и дипломат со над 20-годипна кариера. Таа сега е заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно Брнс беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.
Пред да биде официјално назначена за амбасадорка во Скопје, именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот.
Ако номинацијата на Трамп ја помине сенатската комисија за надворешни работи, Кети Брнс треба да го започне својот мандат како амбасадор во Скопје најрано од крајот на јануари 2019 година.
Брнс дипломирала и магистрирала на престижниот Џорџ Таун универзитет во Вашингтон. Ако биде именувана, ова би било нејзина прва позиција како амбасадор.
Актуелниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли беше потврден во Сенатот во декември 2014 година.