Лишен од слобода вчера е Л.Ф.(32) од Гостивар, поради тоа што при преглед кај него пронајдена била кеса во која имало хашиш. Тој бил приведен во Гостивар на улицата „Гоце Делчев“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар.
По документирање на случајот, против Л.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок.