За време на своето гостување во „The Tonight Show“, 23-годишната Кендал Џенер играше игра во која нејзе и на водителот им беа поставувани лични прашања. Но, тие не мораа да го прочитаат на глас прашањето. Па, откако ќе одговорат, тие можеа да одберат дали ќе го прочитаат прашањето на глас или ќе се напијат алкохол.
Кендал беше прва. Го доби прашањето, мислеше една минута, па рече „Скот Дисик“.
Потоа кажа дека прашањето било „кој од бившите на твоите сестри ти се допаѓа најмногу?“.
ФОТО: Инстаграм