Во Зоолошката во Скопје почнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а е подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка, информира ЗОО.
– Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња. Завршено живеалиштето за шимапнза, а ќе почне да се гради и новото живеалиште за фламинга – велат од ЗОО.