По завршувањето на вечерашниот ТВ дуел Заев – Мицкоски на МРТВ, експресна анализа направи професорот Јове Кекеновски на Фејсбук:
• Еден изворен, другиот натурализиран партиец,
• Еден смирен и помалку воздржан, другиот набилдан со енергија и погаресивен,
• Приземно ниво на комуникација за лидери на две најголеми политички партии во државата,
• И двајцата ранливи по повеќе основи,
• Едниот се обидува да биде професор и во дебата, а другиот премолчува кога не му одговара,
• И двајцата ја заобиколуваат вистината, секој со своја приказна и вистина,
• Едниот пообјективен иако глуми дека сака да соработува и да слуша, додека другиот се обидува да се наметне и глуми сезнајко,
• Едниот малку поначитан и поинформиран, но без харизма и без моќ да придобие повеќе симпатии, другиот поинфериорен, но поприземен и на ниво на досегашната создадена слика за него,
• Едниот љубител на бројки, другиот импровизатор,
• Едниот со избришана меморија за минатото, другиот со трауми од минатото.
Се на се, лично на ниво на моите очекувања и прогнози, затоа што знаејќи го едниот и другиот епилогот на дуелот ми беше познат уште пред да почне