Кекеновски до Заев и Шекеринска: Одлуката на референдум е гласот на народот, не смеете да ја менувате!

5069

Професорот Јове Кекеновски e со цврст став во однос на консултативниот референдум и со порака до власта дека не смее да помисли да ја менува одлуката на народот искажана на референдум. Одлуката на референдум е гласот на народот, им порачува Кекеновски на Заев и на Шекеринска во изјава за Плусинфо по информациите дека е можно власта да не ги почитува одлуките донесени на консултативен референдум.

-За ЕУ и НАТО Зоран Заев и Шекериска нема што да ги консултираат граѓаните од причина што најголем дел од нив јасно се определени за евроатланска интеграција, а и сите политички партии се ЗА.

По однос на Преспанскиот договор е некоректно и неетички граѓаните сега (отпосле) да се консултираат. Членот 27 од Законот за Референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е дециден и јасен: За претходно консултирање на граѓаните за прашања од пошироко значење за Република Македонија може да се распише референдум на државно ниво за консултирање на граѓаните.

Ова е пост фестум, а на претходно консултирање. Лицемерие е сега да ги консултирате граѓаните затоа што договорот е веќе потпишан дури и спротивно на деловничките и процедуралните одредби е ратифициран во законодавниот дом. Што сега ќе се консултира?

Второ, тие забораваат дека одлуките донесени на консултативен референдум иако имаат советодавен карактер, но имаат и морална тежина. И тоа голема морална тежина. Одлуката донесена на консултативен референдум иако е советодавна, сепак мора доследно да се почитува. Не смее никој воопшто да помисли дека во инстуциите може да се донесат други одлуки кои се спротивни на донесенатта одлука дури и на консултативен референдум. Одлуката на референдум е гласот на народот. А, народот е тој што ја дава и одзема довербата – потсетува професорот Кекеновски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...