Кежаровски: Ќе заокружам „За“ подобра држава, за правда за еднаквост

648

На 30-септември, јас ќе заокружам „За“, за промена кон подобро, за држава каква што посакуваме, за живот каков што поскауваме, за рамноправност и еднаквост на сите, рече новинарот Томислв Кежаровски од маршот за европска Македонија во Скопје.

-Македонија треба и мора да оди напред, а јас знам дека ние знаеме и умееме како. Да му застанеме на патот на организираниот криминал и крадење, селективната правда, да ги запреме сиромаштијата и апатијата. Евроатланските интергации ни се гаранција дека ќе имаме правда и правна држава. Тоа е шанса секој човек во Македонија без разлика кој е, и од каде е да се чувствува правно и сигурно. Да нема страв дека поради различлно мислење.Знам дека на 1 октомври нема да е мед и млеко, ама сепак сигурен сум дека нема да е она што беше наназад 27 години, особено не како што беше во годините на владеењето на ВМРО ДПМНЕ – рече Кежаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...