Кежаровски: Конечно сме на добар пат да изградиме општество со независни и слободни медиуми

140

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на слободата на медиумите за да потсетиме на важноста од слободното изразување на новинарите и медиумите. На овој значаен ден, сакам да потсетам на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога гласот на новинарите беше стишуван, спречуван и цензуриран, освен за оние кои беа блиски до тогашните структури на власта, вели во видео обраќање новинарот Томислав Кежаровски.

– Јас лично бев жртва на линчот кој го спроведуваше таа власт кон сите оние кои укажуваа на недостатоците во нивното работење. Не успеав да ја избегнам казната, напротив, и покрај мојата невиност, поминав низ долга, тешка и агонична животна епизода. Јас бев колатерална штета на партизираното новинарство, партизираните институции и судство и „лекција“ која требаше да ја научат сите оние кои размислуваа и зборуваа отворено без цензура, а против режимот. Денес, конечно, сум слободен човек. Слободно и без притисоци пишувам и зборувам и отворено критикувам.

Новинарите се и треба да бидат коректив на власта во една држава, а новинарското перо најсилното оружје против оние кои ќе заборават дека ја имаат власта за да ги застапуваат интересите на својот народ, а не своите лични интереси. Изодевме долг пат до ова на што сме денес. Не велам дека нема недостатоци. И натаму треба посветено да работиме во интерес на слободното изразување на медиумските работници и целосна независност на медиумите. Конечно, ние сме на добар пат да изградиме општество со независни и слободни медиуми, да поставиме камен-темелник на вистинска демократија и систем на здраво владеење – изјаво Кежаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...