Кевин Спејси тајно во посета на Белград ФОТО

Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.

297

Холивудскиот актер Кевин Спејси тајно престојува во Белград, пишуваат српските медиуми. Спејси бил во посета на Народниот театар, а потоа бил виден низ улиците на српската метропола, пренесува „Блиц жена“.

Актерката Вања Милачиќ објави фотографија на Инстаграм на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот, а покрај неа таа напиша:

„Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата ‘Сон на летната ноќ’, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера“.

Според „Блиц жена“, актерот бил исклучително љубезен и пријатен.

Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.

Тоа е првиот проект во кој Спејси е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...