Квантас летна на 19-часовен непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј

Авионот и неговите патници ќе бидат подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

658

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј.

Четириесет патници и членови на екипажот, претежно вработени во „Квантас“, денеска ќе влезат во авионот Боинг 787-9 во Њујорк, а поради 15-часовната временска разлика, авионот треба да слета во Сиднеј во недела наутро.

Авионот и неговите патници ќе бидат подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален превозник „Квантас“ го реализира оваа година, научниците ќе ги следат ефектите од непрекинатиот 19-часовен лет врз патниците.

Летот на компанијата „Сингапур Ерлајнс“ од Сингапур за Њујорк, кој трае околу 18 часа, досега го држеше рекордот за најдолг непрекинат комерцијален лет.

Минатата година „Квантас“ го воведе првиот директен лет од западниот австралиски град Перт кон Лондон, кој трае 17 часа и е еден од најдолгите патнички летови во светот.

Наредните месеци „Квантас“ ќе тестира и лет од Лондон за Сиднеј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...