Квалификации за ЕП 2021 во одбојка: Македонија со Данска, Турција и со БиХ

67

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Жрепката што се одржа попладнево во Луксембург, ги смести „црвено-жолтите“ во групата Ц заедно со селекциите на Данска, на Турција и на БиХ.

Група А: Холандија, Шведска, Хрватска

Група Б: Бугарија, Австрија, Израел

Група Ц: Данска, Македонија, Турција, БиХ

Група Д: Шпанија, Летонија, Молдавија, Кипар

Група Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Романија

Група Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Грузија

Група Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија

Квалификациите ќе се играат во летниот период. Победниците на седумте групи и петте најдобри второпласирани селекции ќе осигураат пласман на завршниот турнир наредната година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...