Кај скопјанец и битолчанец пронајдени над 55 илјади парчиња пиротехнички средства

137

Полицијата од Скопје и Битола заплени 55 илјади парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против двете лица кај кои се пронајдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени кривични пријави за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52 илјади парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распскувачки материи, динамит и друго.

Од МВР велат дека ќе продолжат со мерките и активностите со цел санкционирање на вакви кривични дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...