Кај Плетвар на патот падна мермерна плоча од 20 тони

Големиот мермерен блок од 7 до 8 кубни метри, тежок над 20 тони, најверојатно паднал од камионот што го превезувал од Каменоломот во правец на Градско.

2471

Повеќе од шест часа голем мермерен блок е на патниот правец Прилеп – Градско, кај Плетвар, во близина на Каменоломот кај селото Тројаци.

Според информациите од Секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп, поставени се знаци за предупредување, обезбеден е патниот правец и сообраќајот се одвива во две коловозни ленти.

Оттаму велат дека големиот мермерен блок од 7 до 8 кубни метри, тежок над 20 тони, најверојатно паднал од камионот што го превезувал од Каменоломот во правец на Градско.

Увид направила и полицијата, а според надлежните од „Македонија пат“ обврска според Законот е сопственикот на мермерниот блок да го отстрани од патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...