Кај лисичанец пронајдени растенија канабис и лабораторија за дрога

333

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, при претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија. Во домот на осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 0,14 грама во рачно направени цигари со мешавина со тутун.

Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...