Кај жител на Стојаково пронајдени 6,5 килограми марихуана и повеќе мобилни

142

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија вчера од 15 до 16,30 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во куќата и помошните простории на М.К.(48) од село Стојаково. При претресот биле пронајдени 13 најлонски омоти со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, кои биле одземени и дадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...