Кај Драч уловена ајкула „тигар“ од 500 килограми

1255

Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч, денеска е уловена ајкула од видот „тигар“.

Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Медуза“ што лови во водите на Јадранско Море, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 170 метри.

Чудовиштето,како што го нарекуваат медумите, е тешко 500 килограми.

Случаите на фаќање ајкули во Јадранско и Јонско Море,од страна на албанските рибари, зачестија последниве години. Уловени се дваесеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежната на претходно уловените ајкули беше од 100 до 400 килограми.

Меѓу уловените ајкули пет-шест се од опасниот вид „дем“ која се смета за втора најсмртоносна ајкула по белата.Тие се уловени во водите на Јонско Море, кај Валона.

За првпат на крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула им дошла преблиску. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.

Дерми е една од најубавте плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата и тој момент го снимиле со нивните мобилни телефони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...