Кајли Џенер со билборд му го честита роденденот на Травис Скот (ФОТО)

872
ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Во петокот, станарите во западен Холивуд се разбудиле со билборд од Кајли Џенер и нејзината ќерка Сторми. Црно-белата фотографија од нив била по повод роденденот на Травис Скот.

– Среќен роденден, тато! Те сакаат мама и Сторми – пишувало на билбордот.

Претходно, тројцата заедно го славеле роденденот гледајќи го „Avengers: Endgame“, а биле облечени и како суперхерои.

– Беше забавна ноќ. Кајли и Травис си поминаа навистина супер стартувајќи го неговиот роденденски викенд. Филмот на сите им се допадна – рекол изор за „Е! News“.

Травис ќе наполни 27 години на 30 април.

ФОТО: E! News

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...