Кајли Џенер се соблече сосема гола и со своето момче, раперот Тревис Скот, позираше за новиот број на американскиот „Плејбој“.
Една од најпопуларните жени на светот ја објави веста на Инстаграм, а фотографијата на која гола позира со своето момче за само еден час доби „лајкови“ од пет милиони обожаватели. На фотографијата Кајли Џенер носи само каубојски шешир, а тој нежно ја прегрнува.
„Кога Хјустон ќе се сретне со Л.А.“, стои во описот на фотографијата што ги „запали“ социјалните мрежи.
Нема сомнение дека новиот број на „Плејбој“ ќе урива рекорди, а обожавателите на Кајли Џенер не можат да дочекаат да ги видат сите фотографии што ги направила нивната миленичка.
FOTO: Instagram/Printskrin