Кајли Џенер штотуку влезе во историјата на најмлада милијардерка на сите времиња.
Благодарение на социјалните мрежи, популарноста на своето семејство, реалното шоу, сопственичката на козметички бренд „Kylie Cosmetics“, 21-годишната ријалити ѕвезда стана милијардерка.
Нејзината вредност сега далеку ја надминува вредноста на останатите членови на нејзиното семејство – мајка ѝ Крис, сестрите Ким, Клои и Кортни Кардашијан, како и татко ѝ, Кејтлин Џенер.
Кајли со ова неверојатно постигнување го надминала и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој својата прва милијарда долари ги заработил на 23 години.
„Ништо не очекував. Не можам да ја предвидам иднината, но, чувството е незаменливо“, изјавила Кајли за магазинот „Форбс“, кој прв го објавил нејзиното запишување во историјата.
„Убаво е да се справувате со тој факт“, рекла таа.
Според листата на „Форбс“, само брендот „Kylie Cosmetics“, кој го започнала во 2015 година, е вреден 900 милиони долари и е во нејзина потполна сопственост.
„Се појавив на неколку места, работев вообичаено на социјалните мрежи и ми успеа“, рекла Кајли за својот успех.
Мајката на еднагодишна ќерка е уверена дека за нејзинит успех најзаслужни се социјалните мрежи – 175 милионите следачи на Инстаграм, Снепчет, Твитер и Фејсбук.
– Тоа е моќта на социјалните мрежи. Имав многу добра позиција и пред да започнам да работам – рекла најмладата милијардерка за „Форбс“.