Кајли Џенер ги покани Бибер и Балдвин на одмор

213

Откако Кајли Џенер објави фотографија на Инстаграм од местото каде што престојува заедно со Тревис Скот и нивната ќерка, пејачот Џастин Бибер посака да им се придружи заедно со неговата сопруга, Хејли Балдвин.

„Никогаш не би сакала да си заминам“ напиша Џенер, на што пејачот ја праша каде е поканата за него и Балдвин.

– Вие заљубени птички може да дојдете следниот пат – му одговори таа.

Џенер и Скот се на одмор со цел да го прослават роденденот на нивната ќерка Сторми, која полни една година на први февруари.

Претходно, Џенер признала оти веќе ги обвиткува подароците со украсна хартија. Таа уште во јуни размислувала за роденденската забава на Сторми, пренесува „Е! News“.

 

View this post on Instagram

 

don’t ever wanna leave

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...