Кога станува збор за доручекот во хотелите, некои од гостите имаат навистина необичен вкус.
Истражувањето спроведено на 6.600 сопственици на угостителски објекти ги открило најнеобичните барања на гостите за доручек кои ги примиле оваа година.
Еве неколку од одговорите:
– кајгана на тост без јајца (станува збор за „кајгана“ од тофу сирење);
– корнфлекс во пиво;
– јогурт со бибер;
– чинија пржен кромид;
– винала (популарно индиско јадење налик на гулаш);
– парчиња сланина во овесна каша;
– кари омлет;
– чаден лосос со сос;
– мусли без млеко;
– пилешко со салата и зеленчук;
– пакет шпагети и тегла сос од домати со лук (гостинот сам во собата си го направил својот појадок);
– чаден лосос со кајгана (појадок за куче).
– Пилешко, печено месо, тестенини со лук и кари секако дека се необичен избор за појадок. Но, претпоставувам дека тоа е една од магиите на одморот – можете да уживате во сè што ќе посакате во кој било дел од денот – изјавил директор на еден престижен хотел.
Анкетата покажал дека 63 отсто од гостите во британските хотели преферираат традиционален појадок, а 17 отсто од луѓето бараат контитентална верзија како овесни снегулки и мусли со млеко.