Од Варшава вознемирувачка вест: Јарослав Качињски, лидер на владеачката Партија на Правото и Правдата е сриозно болен и во партијата дискретно се бара негов наследник. Досегашните шпекулации дека Качињски е во болница поради повреда на коленото се отфрлени и потврдено е дека тој бил во болнива поради компликации ,,опасни по живот.” Општо е познато дека Качињски, иако не е формално избран, е прв човек во политичкиот живот на Полска. Тој се нема појавено во јавноста полни три месеци.
Состојбата на Качињски која е заканувачка по неговото здравје ја потврди министерот за здравство Лукаш Шумовски, поради што итно е примен в болница. Ова го потврди и паартиската портпаролка, не изнесувајќи никакви детали.
Како што пишува варшавска ,,Политика”, 69-годишниот Качињски пред една недела е пуштен на домашно лекување. Индикативно е што завчера него го немаше во Шчечин, каде е откриен споменик на брат му, кој во 2010 година , како претседател на државата загина во авионска несреќа.
Веќе се пуштени во оптек шпекулациите кој ќе биде наследник на Качињски, наспроти предупредувањата дека оние кои претендираат да го наследат Качињски, ќе треба долго да бидат стрпливи. Неговите најблиски соработници велат дека Качињски воопшто не планира заминување во пезија. Во Варшава се шпекулира дека токму таквата изјава ги поттикнува шпекулациите за наследникот.
Списокот на потенцијалните (само)кандидати е подолг: почнувајќи од актуелниот премиер Моравецки, преку бившата премиерка Беата Шидло, министерот за внатрешни работи Бруџински и други.